Град Скопје: Интересот за субвенции за велосипеди е драстично зголемен

0
95

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот, која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

Во тек е јавниот повик за субвенционирање за купување велосипед за жителите на Скопје, кој градот ко распишува веќе неколку години по ред. Средствата што Град Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице.

„Годинава, интересот за набавка на велосипеди е драстично зголемен, особено по појавата на епидемијата на коронавирусот, за што говори и фактот дека само во првиот ден од објавувањето на јавниот повик поднесени се 696 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед. Зголемениот интерес и почитувањето на физичката дистанца меѓу граѓаните што аплицираа резултира со формирање редица подолга од 200 метри околу седиштето на Град Скопје“, соопштија од Градот.

До крајот на денешниот ден поднесени се вкупно 2.173 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 191 барање за купен тротинет.