Повредите го принидија Жалуз да оди во пензија на 29 години

0
84

Еден од најдобрите африкански ракометари, Ваел Жалуз, заминува во пензија на 29 години по низата повреди и болести што му ја нарушија формата.

Жалуз, кој своите најдобри партии ги покажуваше за Барселона, беше позајмен на францускиот тим Шартр, но не успеа да има ниту еден настап за клубот поради инфекција на окото поради која делумно го загуби видот на едното око.

Ова не беше единствен проблем на Тунижанецот, кој исто така имал и повреда на потколеницата и страдаше од перитонитис.

Жалуз играше за Кил пред да направи трансфер во Барса во 2014 и имаше три фантастични сезони пред да почнат проблемите со повреди. Во 2018 тој замина во Фуксе Берлин, а минатата година во Шартр.

Со Барселона тој освои четири национални титули, како и Лигата на шампиони во 2015 година.