Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

0
163

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Што е во спротивност со првичните пофалби што СЗО ги упати кон Пекинг.

На снимките од тој состанок, во кои агенцијата АП имала увид, се прикажани претставници на организацијата како на 6 јануари се жалат дека Пекинг не ги споделува со светот потребните податоци за да се процени ризикот кој го претставува вирусот за останатиот дел од планетата.

Кина дури на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална опасност.

„Работиме со многу малку информации. Тоа никако не е доволно за да подготвиме план“, рекла Марија Ван Керхова, епидемиолог и технички директор на СЗО за време на пандемијата на Ковид-19.

Шефот на СЗО во Кина, Гуаден Галеа, на една од снимките вели дека од Кина добиваат информации 15 минути пред да бидат објавени на ЧТВ.

Како што се наведува, овој извештај пристигнува во моменти на растечко незадоволство на меѓународната заедница, поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, кој досега зарази над шест милиони луѓе и уби повеќе од 375.000 луѓе во целиот свет.