Момчиња од Кочани со секири им се заканувале на полицајци

0
103

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б. А. (25) од Кочани поради спречување службено лице во вршење службено дејство и М. Г. (20) и А. Г. (19) од Кочани поради напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 17.5.2020, во 23.50 часот, во двор на улицата Г. А. Гочо, Б. А. со употреба на физичка сила спречил полициски службеник во постапување по пријава за нарушен јавен ред и мир со пуштање гласна музика, а М. Г. и А. Г. со секири упатиле закани кон полициските службеници, соопшти полицијата.