Брачна двојка доктори во „Аџибадем Систина“ позитивни на Ковид-19

0
154

Во вторникот (втори јуни) од КБ „Аџибадем Систина“ биле изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, суспектни на вирусот Ковид-19.

„По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори“, информираат од болницата.

Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

„Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни“, се наведува во соопштението на „Аџибадем Систина“ во кое се додава дека болницата продолжува да работи со полн капацитет и со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти.