Игуаин се повредил

0
81

Фудбалерот на Јувентус Гонзало Игуаин се повредил на вчерашниот тренинг, соопшти клубот.

„Игуаин во текот на тренингот почувствува болка во бутниот мускул на десната нога. Тестовите покажаа дека повредата не е сериозна. Ќе ја следиме неговата состојба во наредните денови“, порачаа од Јувантус.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни, а една недела претходно ќе се одиграат полуфиналните реванши во Купот.

Сезоната во Италија беше суспендираната на 9 јуни. По враќањето на тренинзите неколку фудбалерите се здобија со полесни повреди, како Златан Ибрахимовиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ