ПЛ го објави распоредот: Две дерби пресметки во првите два дена

0
85

Премиер лигата го објави распоредот за првите три кола кои ќе бидат одиграни по паузата која ја предизвика коронавирусот.

Сезоната во Премиер лигата ќе продолжи во среда на 17 јуни. Првиот ден гледачите ќе можат да уживаат во дербиот помеѓу Манчестер сити и Арсенал. Овој дуел на програмата е во вечерниот термин од 20.45 часот. Пред дербито од 18 часот својот натпревар ќе го одиграат Астон Вила и Шефилд Јунајтед.

Дерби ќе има и наредниот ден, на 18 јуни од 20.45 часот Тотенхем ќе го пречека Манчестер Јунајтед.

Во саботата на програмата ќе бидат четири натпревари, а во недела од 19 часот е дербито на Мерсисајд помеѓу Евертон и Ливерпул.

Натпревари ќе има секој ден во Премиер лигата, а според програмата дерби ќе има и на 25 јуни кога Менчестер сити ќе гостува кај Челси.

На 2 јули ќе се сретнат Манчестер сити и Ливерпул.