Прекумерна сила на протестот во Бафало: Полицајци турнаа на земја немоќен старец

0
70

Протестите за бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џeорџ Флојд траат веќе десетти ден, а полицијата синоќа повторно употреби прекумерна сила во градот Бафало во сојузната држава Њујорк.

Двајца полицајци со палка турнаа постар демонстрант кој падна на глава, а потоа преминаа над него.

„Ројтерс“ пренесува дека на видеото направено од локална радио станица се слуша звук на крцкање сличен на кршење на коски, а потоа се видело и дека соборениот демонстрант крвари од пределот на главата.

Потоа се глада како полицискиот кордон продолжува да се движи, а полицаецот кој го удри демонстрантот заканувачки се наведнува над него сè додека еден колега не го повлече за рака за да продолкжи понатаму.

Исто така се слуша како некој вика брза помош, а локалното радио во својот извештај потврдува дека во меѓувреме пристигнало амбулантно возило, а здравствените власти подоцна објавиле дека станува збор за 75-годишник кој е во стабилна состојба.

Двајца полицајци се суспендирани без надомест.