Изборот за рекор на УКИМ се става во мирување

0
76

На владина седница допрецизирана е Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба.

Со ова ставена е во мирување постапката за избор на ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), а следи по реакциите Независниот академски синдикат (НАКС), од каде деновиве бараа Владата да ја допрецизира уредбата и да се стопираат избори во УКИМ во вонредна состојба.

„Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон“, велат од Владата.

Се додава дека со ова дополнување се гарантираат транспарентноста и инклузивноста при процесите на универзитетите во рамките на воспоставената правна рамка.