Му се заканувал на соседот, па му ги застрелал домашните животни

0
76

Со воздушна пушка му ги застрелал домашните животни на соседот. Имено, жител на виничкото село Истибања вчера застрелал домашни животни на соседот, испукувајќи два истрела со дијаболи од воздушна пушка. Според пријавата, тој исто така му се заканувал на соседот.

Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.Т. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син. Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полицијата работи на расветлување на случајот.