Двајца починати и 111 новозаболени од корона вирусот

0
84

Во изминатите 24 часа починале двајца пациенти од корона вирус, а се регистрирани 111 нови случаи во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Како што се наведува направени се 854 тестирања, а новозаболените се: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.