Големи казни ќе се изрекуваат во Премиер лигата поради кршење на мерките

0
123

Се очекува шефовите на Премиер лигата да бидат овластени да изрекуваат огромни казни за сите играчи кои си дозволуваат да ги прекршат безбедносните мерки. Вклучувајќи, одземање на поени.

Официјалните претставници на Лигата сакаат да спречат какви било опасности што би можеле да спречат продолжување на првенството. Според „Сан“, казните за играчите кои ги кршат мерките за изолација ќе бидат во размер до 200 илјади фунти.

Според информациите, повторените прекршувања би довеле до парична казна од двојно поголема сума на пари, додека серија прекршувања во еден клуб можат да бидат санкционирани дури и со одземање на поени.

Овие драстични мерки ќе бидат преземени откако голем број sвезди во Премиер Лигата се фатени на дело во последните неколку недели.