Мицкоски: Лаос, Камбоџа, Бангладеш и Кина се побезбедни земји од Македонија

0
146

Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос на Корона вирусот, споредено со Македонија, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!

При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност“ напиша Мицкоски.