Поскапуваат бензините

0
143

Од ноќеска на полноќ нафтените деривати ќе се продаваат во просек поскапи за 3,23 отсто, реши Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е В), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени на почетокот на овој месец. Со тоа литар Еуросупер БС-95 ќе чини 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Еуродизел (Д-Е В) изнесува 50,00 ден/лит.

Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на досегашните малопродажни цени и ќе чинат 60,50 ден/лит, односно, 39,00 ден/литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,613 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.