Полската полиција заплени три тони кокаин скриен во замрзнат ананас

0
129

Полските власти заплениле над три тони кокаин сокриен во замрзнат ананас, вреден повеќе од 761 милиони долари, што е рекорд за оваа држава.

Полицијата соопшти дека во рамки на истрагата уапсени се тројца мажи од севернополскиот регион Поморје, на возраст од 64 до 71 година.

Кокаинот е откриен во замрзнат ананас во магацин во северниот град Гдањск, објавија истражителите. Кокаинот стигнал во тој град со автомобил од Хамбург, а пак таму стигнал со брод од Еквадор.

Латиноамериканските наркобосови испраќаат скриени пратки на кокаин во Европа, иако коронавирусот ја наруши испораката на дрога, а жителите се принудени да останат дома, велат од одделот за наркотици.

Полска во декември заплени два тона кокаин од Колумбија, вреден околу две милијарди долари.