Се обидел да ја убие баба си со пиштол на дијаболи

0
132

Жител на селото Манастирец, Росоман, со пиштол на дијаболи пукал во својата баба, а против него е поднесена пријава за обид за убиство.

Според информациите на МВР,  Б.Л. (33) е осомничен за сторено кривично дело убиство во обид при семејно насилство.

Тој на 8 јуни во семејниот двор, по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон својата баба С.М.(81), при што ѝ нанел повреди.