Наредната недела ќе биде познато кога ќе се играат баражите

0
79

Европската фудбалска унија (УЕФА) наредната недела ќе ги одреди датумите за одигрување на бараж натпреварите за пласман на Европското првенство. Поради коронавирусот Европското првенство е одложено за наредното лето. Исто така УЕФА ќе треба да ги потврди градовите кои ќе бидат домаќини на континенталното првенство.

Македонската фудбалска репрезентација во баражот ќе игра против Косово. Натпреварот требаше да се одигра во март, потоа беше одложен за јуни, а сега се претпоставува дека ќе биде одигран во октомври.

УЕФА исто така ќе ги одреди и датумите за завршниците во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Фаворити за завршните турнири се Лисабон за Лигата на шампионите и Франкфурт за лига Европа.

Квалификациите за европските купови треба да започнат пред завршувањето на оваа сезона, а новата сезона, односно фазата по групи ќе започне во октомври.