Моловите ќе работат до 22 часот

0
142

Владата на денешната седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите.

Со одлуката, работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.

Моловите кои беа затворени од почетокот на пандемијата, се отворија на 13 мај, но со посебни правила и протоколи.