Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол

0
94

Денеска околу 13 часот на улицата М.А.Ченто, на патот кон селото Арачино, полицијата го приведе Д.Ф. (30) од селото Синѓелиќ, кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, а бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа, а со кого седеле во угостителски објект.

Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф. и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми.

По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.