Се враќа фудбалот во Италија

0
76

По пауза од три месеци од вечерва повторно ќе се игра фудбал на Апенинскиот полуостров. Сезоната 2019/2020 ќе биде рестартирана со натпреварот помеѓу Јувентус и Милан.

Великаните на италијанскиот и европскиот фудбал од 21 часот ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Купот на Италија. Резултатот по првиот меч е 1:1.

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари на располагање ги има сите играчи, додека неговиот колега Стефано Пиоли има сериозни проблеми со повредените играчи.

Милан сигурно ќе биде без Матео Мусакио, Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте, додека неизвесен е настапот на Саму Кастилјехо и Тео Ернандез.

Во второто полуфинале утре од 21 часот во Неапол ќе играат Наполи и Интер (1:0).

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни.