Чулев: Унапредувањето на Јасмина Чавкова е исправување на неправда од минатото

0
154

Техничкиот мнистер за внатрешни работи Наќе Чулев реагира на обвинувањата од СДСМ дека незаконски ја унапредил сопругата на Митко Чавков, објаснувајќи дека станува збор за исправање на неправди од минатото.

„Конкретното распоредување е направено врз основа на извештај од Одделот за внатрешна контрола, кој е изготвен врз основа на претставка поднесена од посочено лице, во кој се констатира дека истото подолг временски период е распоредено на работно место кое е во спротивност со законот“, објасни Чулев на социјалните мрежи, во врска со конкрентиот случај.

Тој понатаму го појаснува извештајот од внатрешна контрола во кој, како што вели, било констатирано дека со цел избегнување на дополнителни трошоци на товар на МВР по основ на тужба, било посочено дека треба да се изврши ревизија на распоредувањето и Јасмина Чавкова да биде распоредена согласно позитивните законски прописи на важност во МВР.

„Кога станува збор за постапување по однос на задолжителни мерки утврдени во извештај од Одделот за внатрешна контрола, министерот има обврска да постапи и да ги отстрани констатираните неправилности, а во конкретниот случај станува збор за распоредување кое не е во согласност со степенот на образование“, се вели во образложението кое техничкиот министер го објави на социјалните мрежи, по обвинувањата изнесени од страна на СДСМ