Гувернерот на Њујорк го потпиша законот за полициска реформа

0
62

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо го потпиша законот за сеопфатна полициска реформа во оваа сојузна американска држава. Законот е дел од пакетот мерки за полициска реформа, започнати по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

„Полициската реформа требаше да се случи пред многу време. Ова не е само за тоа убиство, туку за фактот дека досега многупати сме биле во оваа ситуација“, рече Кумо.

Тој исто така издаде указ со кој се бара од локалните власти и полицијата да развијат план за модернизирање на полициските стратегии и програми.

Гувернерот рече дека планот на секоја заедница мора да се вгради во локалниот закон до 1 април 2021 година, со цел да се квалификува за државно финансирање. Кумо ги потпиша законите на прес-конференција на која присуствуваа и мајките на Ерик Гарнер и Шон Бел, невооружени Афроамериканци за чии убиства е одговорна полицијата, додава Дејли Меил.

Со законот се забранува зафатот околу врат во тек на апсење и се укинува спорниот државен закон според кој податоците за дисциплински постапки против полицајците се водат како доверливи.