Халанд погоди во последната секунда, убедливи победи на Ајнтрахт и Вердер

0
61

Катстрофално попладне имаа тимовите кои беа домаќни во 31 коло во Бундес лигата. На пет натпревари домашните тимови освоија само еден бод.

Борусија Дортмунд со тешки маки забележаа победа над Фортуна во Диселдорф. Едонствениот гол на натпреварот го постигна Ерлинг Халанд во 95 минута.

Со овој гол Халанд го оневозможи Баерн Минхен со евентуална победа вечерва над Менхенгладбах да ја прослави новата титула.

Херта одлично го започна дуелот Ајнтрахт, во 24 минута Пјонтек постигна гол за предност од 1:0. Пресвртот се случи по црвениот картон кој го доби Бојата во 45 минута. Ајнтрахт во вториот дел со играч повеќе постигна четири гола преку Андре Силва постигна два, а по еден гол дадоа Дост и Ндика.

Унион Берлин ги освои бодовите во Келн. Екипата од германската престолнина славеше со 2:1 со головите на Фридрих во 39 и Гинтер во 67 минтута. Двата тима имаат по 35 бода и се наоѓаат на 12 односно 13 позиција во лигата.

Вердер не се откажува од борбата за опстанок. Тимот од Бремен славеше кај Падерброн со 5:1. Два гола постигна Класен. Вердер на табелата сега има 28 бода колку шти има и Фортуна која се наоѓа на местото кое води во баражот за опстанок.

Ефикасен натпревар кој заврши без победник 2.2 одиграа Волфсбург и Фрајбург.