Тетовец нападнал малолетници кои се тепале со неговото дете

0
92

Синоќа во 21.10 часот А.Ѓ.(61) од Тетово пријавила дека на ул.,,135‘‘ во Тетово нејзиниот 14-годишен внук, по претходна расправија со други двајца малолетници, бил физички нападнат од едниот од нив, по што и тој му возвратил. По кратко време дошол таткото на двајцата малолетници, С.А.(34) од Тетово и физички ги нападнал 14-годишникот и неговиот другар. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.