Финансиска поддршка за јунските плати ќе се обезбеди од заемот за локални патишта од Светска банка

0
102

Владата на вечерашната седница донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување локални патишта за време на вонредна состојба.

Од владината прес-служба информираат дека по претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари.