Најмал број смртни случаи од 22 март во Велика Британија

0
75

Во Велика Британија е регистриран најмал број на смртни случаи од 22 март, јавува Би-би-си, но забележува дека бројките се пониски за време на викендите поради одложените извештаи.Во последните 24 часа во земјата починале 36 лица, што го зголемило вкупниот број на смртни случаи на 41.698.

Во тој број се вклучени сите починати, не само оние во болниците. Во последните 24 часа, според веб-страницата „Worldemeters“, регистрирани се уште 1.514 случаи на коронавирус, така што вкупниот број заразени лица се зголеми на 295.889.