Ѓорѓиевски: Заев да одговори колку нивни фирми, освен Еленица, имаат земено државна помош

0
106

Државната помош од антикризниот пакет на мерки не завршува во рацете на народот, туку завршува единствено во џебот на Заев. Освен ИГМ Еленица, Заев потребно е да одговори колку други фирми во сопственост на него или неговото семејство добија државна помош изминатиов период, изјави Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша дали е точно дека сите фирми на Заеви, над десетина, земале огромни суми на пари помош од државата?

„Заеви преку нивните фирми кои вртат милиони евра, наместо да дадат за народот земаат токму од народот на Република Македонија. Овде не станува збор за непрофитабилни бизниси, напротив тоа се бизниси кои вртат милиони. Овде станува збор за алчни луѓе како Зоран Заев, кои сакаат да го земат и последниот денар од нашиот народ, наместо да одвојат дел од својот огромен колач на заработувачката“, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, Заев ги димензионирал мерките за помош на стопанството така што малите фирми, и оние бизниси на кои им е најпотребна помошта не можат да дојдат до парите, а дел од колачот ќе има само за крупниот бизнис и фирмите блиски токму до него и до целата влада.

„Стотици милиони евра се потрошени и фрлени во таканаречени антикризни мерки, а епилогот е илјадници граѓани со минимална плата и стотици фирми со намалена ликвидност. Пари има почитувани само за блиските луѓе од власта. Бараме Заеви веднаш да ги вратат парите во буџетот по основ на антикризна помош“, рече Ѓорѓиевски