ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за загубените животи мора да има

0
54

Кривична одговорност за загубените животи мора да има. Поради неспособноста и криминогеноста на СДСМ, стотици граѓани ги загубија најблиските, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројката на заболени од коронавирусот ја надмина психолошката граница од 4.000 заразени наши сограѓани. Во последниот период секој ден имаме од 150 до 200 нови случаи на коронавирус, а СДСМ сè уште мисли како набрзина и шверцерски да организира избори.
Вчерашниот ден е најцрн ден од почетокот на пандемијата, со 9 починати пациенти. Македонското здравство колабира, а пациентите не може да дојдат на ред за лекување.
Повеќе од очигледно е дека на СДСМ не му е дојдено до здравјето на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев се подготвени да газат врз мртви луѓе за свои теснопартиски интереси“, пишува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ го интересираат само брзи избори, без обезбедени услови за безбедно гласање на граѓаните, што, според партијата, ќе придонесе за мала излезност и собрание без потребен легитимитет.

„ВМРО-ДПМНЕ има два јасни услова за одржување избори, а тоа се: јасни протоколи за заштита на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна и да воспостави мисија во Република Македонија со којашто ќе ги оценува понатаму изборите и избирачкиот процес. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати избори за време на пикот на епидемијата, која никако не стивнува, во кои ќе се ризикува здравјето на сите граѓани на Република Македонија. Не може да им се дозволи на Заев и СДСМ да си играат со животите на луѓето.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.