Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно и убедливо ќе победи на изборите на 15-ти јули

0
82

Не верувам дека СДСМ ќе ја има приближно онаа поддршка која ја имаше во 2016-тата година истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостувањето во телевизија Алфа.

Тој најави убедлива и дефинитивна победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 15-ти јули која според него ќе биде казна од граѓаните за сите неостварени ветувања и изневерени очекувања.

-Јас верувам дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти јули ќе биде многу поголема од онаа во 2016-та година. Јас не сакам да лицитирам со бројки, тоа лицитирање е својствено за владеачката партија СДСМ, лицитирање со анкети, но би кажал дека победата ќе биде дефинитивна и убедлива пред се поради фактот што во овој период на кампања граѓаните ќе препознаат кај нас една прогресивна сила која ќе нуди економски напредок, конкретни проекти за разлика од ова владеење кое беше базирано на гола демагогија. СДСМ се што вети дека нема да направи во кампањата во 2016-та, СДСМ направи. СДСМ вети дека нема да го промени уставното име, го промени уставното име. СДСМ вети дека нема да има двојазичност, имаме закон за двојазичност осуден од Венецијанската комисија. СДСМ вети дека ќе има правда, гледаме во кое својство е нашиот правосуден систем од скандалот со „Рекет“ до сите оценки кои ги даваат меѓународни институции, а најдобро чувство за што се случува во правосудниот систем има обичниот граѓанин кој што е предмет на барање на мито и корупција и на неправедни пресуди. Така да СДСМ тоа што го вети во правосудството не го оствари. СДСМ вети економски просперитет не го оствари. Вети просечна плата од 500 евра не оствари. Земајќи го сето тоа во предвид, граѓаните се потсетија како изгледа едно владеење на СДСМ, анализира Муцунски.