Приведени четворица скопјани во Градскиот парк кои биле фатени со марихуана

0
105

Во текот на вчерашниот ден биле приведени пет лица од Скопје, од кои четворица во Градскиот парк, кај кои при проверка полицијата пронашла марихуана.

Како што јави МВР, синоќа во паркот биле приведени две девојки на возраст од 21 и 23 години, а во уште два одделни случаи приведни се 18 и 32-годишен скопјанец. Кај сите при преглед била  пронајдена марихуана, а од полицијата велат дека по документирање на случајот против нив ќе  бидат поднесени соодветни поднесоци.

Уште едно лице синоќа било приведено поради марихуана на кејот Димитар Влахов. Станува збор за 21-годишен скопјанец, против кој исто ќе биде поднесен соодветен поднесок.