Рашфорд е херој! Неговиот повик наиде на одговор од британската влада

0
70

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ја доби својата битка и успеа да ја предомисли британската влада околу доделувањето на бесплатна исхрана за учениците и за време на летните одмори, откако премиерот Борис Џонсон го усвои неговото барање.

Рашфорд напиша емотивно писмо до пратениците во Британскиот парламент во понеделникот барајќи да ја сменат одлуката за прекратување на националната шема со ваучери за исхрана на деца од семејства со ниски примања за време додека училиштата се затворени, а по апелот на Рашфорд беше потврдено дека се поставува фондација од 120 милиони фунти за ваучер за шест недели во текот на летото. Со оваа програма 1.3 милиони едца во Британија ќе добијат барем по еден оброк дневно.

„Не знам што да кажам. Видете што можеме да направиме заедно. Ова е Англија во 2020“, напиша пресреќниот 22-годишен Рашфорд на Твитер.

Во писмото кое го прати до владата, англискиот репрезентативец се потсети на детството и периодот во кој добивал бесплатни школски оброци растејќи во Манчестер.

I don’t even know what to say.
Just look at what we can do when we come together, THIS is England in 2020.

— Marcus Rashford (@MarcusRashford) June 16, 2020

Јунајтед го пуштиле Рашфорд порано во академијата поради сиромаштијата