Заев за месец и половина на секое семејство му зема околу 1000 денари, само заради покачената цена на горивата

0
46

Власта не запира со крадење од народот. Покачувањето на цената на горивата денеска е директна последица на покачената акциза и желбата на Заев да го полни буџетот со пари од сиромашните.
Во последните месец и половина, од 1 мај до денеска заклучно со денешното покачување, цената на дизелот е зголемена за 8 денари, додека цената на бензините за 10.5 денари, доколку на ова се додаде и покачувањето заради покачената акциза доаѓаме до покачување од 11 денари за дизелот и 13.5 денари за бензините.
Заев за месец и половина на секое просечно македонско семејство, му зема околу 1000 денари, само заради покачената цена на горивата.
Штетите се дотолку поголеми врз стопанството, и гранките кои што се зависни од горивата како прехранбената индустрија, земјоделството и пред се транспортниот сектор.
Зоран Заев и СДСМ го ограбија народот.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.