Автомобилската компанија „Јагуар“ укинува 1.100 привремени работни места

0
77

Автомобилската компанија „Јагуар“ ќе укине 1.100 привремени работни места во фабриката кога падна продажбата како резултат на кризата предизвикана од коронавирусот.

Најголемиот британски производител на автомобили објави дека изгубил 501 милион фунти во првиот квартал од годината, а продажбата паднала 31 процент, пишува „Скај њуз“.

ЈЛР е сопственик на индиската компанија „Тата моторс“, која во трите месеци на пандемијата продала 110.000 возила, што е голем пад на продажбата во однос на претходната година. Одлуката за отпуштањата доаѓа кога голем број салони и фабрики беа затворени поради пандемијата. Договорите ќе бидат раскинати за повеќе од илјада работници од Велика Британија, каде што компанијата има повеќе од 32.000 работници.

Компанијата ја повика британската влада да донесе пакет за помош за овој сектор, како што тоа го сторија Франција и Германија.