Барса со рутинска победа над фенерџијата на празниот „Ноу Камп“

0
81

Барселона ја запиша и втората победа во низа по рестартот на Ла лига, откако на празниот „Ноу Камп“ доминираше од почеток до крај за 2:0 победа над Леганес.

Барса имаше речиси 80 отсто од поседот на топката, и зачудувачки е што постигнаа само два гола, и тоа еден од пенал.

Отпорот на Леганес беше скршен дури во 42. минута, кога тинејџерот Ансу Фати постигна убав гол за предност на полувреме. Антоан Гризман ја внесе топката во мрежата во 65. минута, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд, за само три минути подоцна, Лео Меси да постигне гол од пенал за 2:0.

Каталонците остануваат први, сега со пет поени предност пред Реал Мадрид, кои во четврток ја пречекуваат Валенсија, додека Леганес се последни со 23 поени, три поени од безбедната зона.