Филипче: Во наредниот период се очекува да расте бројот на заразени со коронавирус

0
50

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во идниот период се очекува бројот на пациенти заразени од коронавирусот уште повеќе да расте, па дека токму затоа се прави и реорганизација на капацитетите во болниците.

„Се очекува дека бројот на испишани на пациенти ќе биде помал од бројот на примени пациенти. Вториот бран дојде порано од тоа што го очекувавме“, рече Филипче.

Во моментов, во болниците се сместени 330 пациенти заболени од Ковид-19. Најголеми жаришта на Ковид-19 во земјава засега се Скопје и Тетово.

Министерот Филипче рече дека засега не се планира да се воведат рестриктивни мерки, туку активностите се насочени кон реорганизација на болниците и лоцирање на контактите со цел да се има комплетен увид во кластерите.