МЗ: На Клиниката за гинекологија нема родилки заболени од Ковид-19

0
133

Во моментов на Клиниката за гинекологија нема ниту една родилка позитивна на Ковид-19, има осум родилки чии тестирања се во тек, а се сместени во одделот за изолација, соопшти Министерството за здравство.

Од таму укажуваат дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, во врска со бројката на позитивни родилки на клиниката за гинекологија.

Од МЗ велат дека не станува збор за 20 позитивни родилки на ГАК во моментов, туку за вкупно 20 од почетокот на епидемијата досега.