Нови 10.000 заразени во Индија, бројот на починати се искачи на 9.900 лица

0
70

Во Индија повторно се забележани повеќе од 10.000 нови случаи на коронавирус. Министерството за здравство објави дека починале уште 380 лица, така што вирусот однел вкупно 9.900 животи во Индија, пренесува АП.

Повеќе од 343.000 луѓе се заразени во Индија, што ја прави четврта по големина земја во светот по САД, Бразил и Русија.