Тајлер Пери ќе го плати погребот на Рејшард Брукс и школувањето на неговите деца

0
56

Американскиот актер, режисер и продуцент Тајлер Пери соопшти дека ќе ги плати сите трошоци за погребот на Рејшард Брукс и ќе ја покрие целосната школарина за колеџ за неговите четири деца.

50-годишниот Пери наводно понудил да ги покрие трошоците за погребот на Рејшард, откако во петокот вечер (12 јуни) беше застрелан од полицаец во Атланта, објавија американските медиуми.

Според списанието „Пипл“, Тајлер исто така ќе префла пари во факултетски фондови за секое од четирите деца на Рејшард – Мекаи (13), Блесинг (8), Мемори, (2), и Дрим (1).

Рејшард (27) беше застрелан од полицијата на паркинг пред ресторан за брза храна при обид за негово приведување, на кое тој се спротивставил. Тој почина во болница по извршената операција како резултат на повреди во грбот, пишува „Пипл“.