Три нови случаи на коронавирус во Словенија

0
90

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени три нови случаи на коронавирус. Направени се 986 тестови и нема нови смртни случаи, објави словенечката влада.

Забележани се нови случаи во Љубљана, Крањ и Јесенице. Вкупниот број потврдени случаи е 1.503, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов, седум пациенти се хоспитализирани, од кои едниот е на одделот за интензивна нега.

Активни се 26 случаи. Од вирусот починале 109 лица.