Василевска: СДСМ со народни пари преку Агенцијата за млади и спорт прави поткуп пред избори

0
119

На само месец дена пред избори Владата, која пред недела дена даде половина милиони евра на НВО-секторот директно, сега преку Агенцијата за млади и спорт издвојува по 300.000 денари за НВО, обвини Иванка Василевска, од ВМРО-ДПМНЕ.

„На седница на Владата, на предлог на Агенцијата за млади и спорт донесена е уредба за финансиска поддршка на здруженија и фондации за справување соковид-кризата. Согласно оваа уредба ќе се финансираат повеќе проекти во износ од 300.000 денари по проект. Да потсетиме, во месец март оваа година истата Агенција веќе додели 3,6 милиони денари за проекти на невладини организации. Темпирањето за објавување и доделување финансиски средства пред одржувањето на парламентарните избори, укажува на фактот дека на Агенцијата за млади и спорт воопшто не ѝ е грижа за младите и дека таа служи само како спроведувач на наредбите на нивниот налогодавач Зоран Заев“, кажа таа.

Со исто темпо за поткуп со народни пари пред избори, рече Василевска, работи и Министерството за економија, кое објави повик со кој ќе финансира настани, обуки, семинари и конференции, наменет за правни лица, фондации и здруженија на граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш јавно и гласно, ѝ укажува на јавноста и медиумите за општиот предизборен поткуп што  се случува на секојдневна основа, а воедно ги повикува надлежните институции, ‘по допрен глас’ да постапат и да отворат соодветни предмети за масовното спроведување на предизборен поткуп“, рече Василевска.

Таа ги повика Агенцијата за млади и спорт и Министерството за економија да ги поништат објавените повици и да не учествуваат во, како што кажа, предизборниот поткуп.

Василевска ги прашува одговорните лица зошто се доделуваат средства на неколку седмици пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори?