Во Франција зголемен број на починати од коронавирус

0
111

Бројот на починати од коронавирус во Франција се зголеми за 138 на вкупно 29.547, објави француското Министерство за здравство, наведувајќи дека овој број вклучува неделни податоци за смртни случаи во домовите за стари лица.

Бројот на смртни случаи во болниците се зголемил за 38, на 19.090, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден, кога бројот на починати бил 29 и просекот од 25 смртни случаи во изминатите седум дена, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Француското Министерство за здравство изјави дека 73 лица починале во старските домови во изминатите седум дена, што е повеќе од двојно во однос на претходната недела, кога бројот беше 34.

Бројот на заразени со корона се зголемил за 344 на вкупно 157.716, соопштија здравствените власти.

Што се однесува до вкупниот број на пациенти во болниците, тој е намален на 10.535 во однос на вчерашниот ден кога изнесувал 10.752, додека бројот на пациенти во единиците за интензивна нега е намален на 820 од вчерашните 846.