Во Пекинг откажани повеќе од илјада летови поради новото жариште на коронавирусот

0
87

Два аеродрома во Пекинг денеска откажаа повеќе од илјада летови, поради новата појава на коронавирус во кинеската престолнина, јавуваат официјални медиуми.

Во 9 часот наутро, 1.255 летови беа откажани од полетување и слетување од аеродромите во Пекинг, што е 70 проценти од закажаните летови, пишуваат „Чајна дејли“ и „Пипол дејли“.

Пекинг во вторникот ги повика своите 21 милион жители да ги избегнуваат сите непотребни патувања надвор од градот и нареди повторно затворање на училиштата, откако во главниот град повторно се појави жариште на Ковид-19.

За пет дена во градот се потвредени повеќе од стотина заразени, а нивните случаи се поврзани на пазарот Ксинфади, што е нов шок за жителите на Пекинг.

Пред појавата на новото жариште, Пекинг немаше нови случаи на инфекција цели два месеца, а животот се врати во скоро истото темпо како пред епидемијата. Но, стравувањата од нов бран ги натераа властите во Пекинг да преземат акција, така што започна масовна операција за тестирање, а затворени се 27 населби.

Напорите да се спречи втор бран на вирусот се интензивираа бидејќи како ново жариште на инфекцијата се посочува големопродажниот пазар Ксинфади во областа Пекинг.

Пазарот е 20 пати поголем од оној во Вухан, каде првично се појави Ковид-19 во декември, и таму се препродаваат илјадници тони храна