9 години затвор за Боки, за Катица – 7

0
75

Вкупно 16 години затвор за двајцата обвинети во Рекет: за Бојан Јовановски – 9, а за поранешната шефица на СЈО Катица Јанева – 7. Ова е исходот од денешното објавување на пресудата во големата сала на Врховниот суд, на кое му претходеше шестмесечното судење во скопскиот Кривичен суд, во текот на кое обвинителството и одбраната ги изнесоа своите докази. Претходно, уште на првото рочиште за овој случај третообвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и беше осуден на три години затвор.