Четири лица, меѓу кои и малолетник, обвинети за обид за убиство пред пицерија во Гостивар

0
83

Tри лица заедно со еден малолетник се обвинети за обид за убиство што се случил пред пицерија во Гостивар.

„Обвинетите на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да лишат од живот едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди“, соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар.

Судот на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.