Илјадници Германци одат во карантин откако коронавирусот се појави во кланица

0
81

Илјадници луѓе во северозападна Германија мора да бидат ставени во карантин поради појава на коронавирус во кланица.

Повеќе од 650 лица вработени во фабрика за преработка на месо во Гистерлох се позитивни на коронавирус. Во моментот се тестираат повеќе од 1.000 работници, а илјадници други сè уште чекаат на тестирање.

Кланицата беше затворена вчера попладне.

Оние што допрва треба да бидат тестирани и на нивните најблиски им е кажано да останат во карантин сè додека не добијат резултати.

Портпаролот на компанијата се извини за појавата на коронавирус во погоните.

Германија доби пофалби од меѓународната јаваност за справувањето со епидемијата. И покрај тоа што има најголемо население од сите земји на ЕУ, досега во Германија се пријавени помалку од 9.000 смртни случаи.

Вчера беше објавено дека забраната за одржување големи настани ќе биде продолжена до крајот на октомври.