Начинот на кој се гради паркот во Карпош 4 може да е погубен за системот за вода

0
77

Може да биде погубно за системот за вода „Нерези Лепенец“ ако продолжи начинот на кој се гради паркот во Карпош 4, предупредуваат стручњаците. Имено местото каде се прави паркот е во непосредна близина на бурињата од т.н. зона 2, се копаат огромни дупки и се полнат со градежен шут, но не од дозволениот – децидни се експертите.

-Ако знаеме што значи тој бунарски систем Нерези Лепенец за жителите на Град Скопје, во некои делови повисоки, посебно во Општина Карпош каде што и нема доволно притисок, недостаток на вода, а некој си дозволува такви активности. Другиот елемент којшто е позагрижувачки депонирањето на отпад и шут во ископините, тоа директно ќе влијае на измена на квалитетот на подземните води, вели дипломираниот инженер хидрогеолог, Костадин Јованов.

Повеќе прочитајте на следниот линк: https://skopskoeho.mk/nachinot-na-koj-se-gradi-parkot-vo-karposh-4-mozhe-da-e-poguben-za-sistemot-za-voda/