Премиер лигата се рестартира со ВАР-контроверзии и реми без голови

0
79

Премиер лигата, по три месеци, повторно е во акција кога мечот меѓу Астон вила – Шефилд јунајтед беше одбележан со бизарна грешка на ВАР-системот на штета на гостите.

Мечот без публика, со вештачка бучава на навивачите, имаше многу неискористени шанси и најинтересниот момент во 43. минута од мечот кога на Шефилд не му беше признат очигледен гол по големата грешка на судијата Мајкл Оливер.

По слободен удар на Шефилд, голманот Ниланд со топката влезе во голот, но и покрај тоа што снимките јасно покажуваат дека топката беше во голот, Оливер реши дека нема да биде признаен бидејќи не се огласи гол-технологијата.

Инаку, ова беше меч од заостанатото 28. коло, во кое вечерва во 21.15 часот играат и Манчестер сити – Арсенал. Со поенот Астон вила останува на претпоследното место со 26 поени, еден поен од безбедната зона, а Шефилд јунајтед останува шести со само еден поен зад Манчестер јунајтед на петтото место.

Where is both VAR and Goal-line technology when you need it?

🧐🧐🧐 #AstonVilla #Sheffield #PL pic.twitter.com/fedLqFnfLH

— ⚡️Footy-holics⚡️ (@FootyHolics) June 17, 2020