Приведена осуденичка барана со потерница за издржување 17-годишна казна затвор

0
83

Полициски службеници утрово на улицата Гостиварска во Ѓорче Петров привеле 65-годишна осуденичка од Скопје, која била барана со потерница за издржување казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела измама и даночно затајување.

Б.П. била спроведена во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ на издржување на казната затвор.