СДСМ: МојДДВ им врати 10,7 милиони евра на граѓаните

0
144

Преку МојДДВ од стартот во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, соопшти СДСМ.

„Од самиот почеток мерката МојДДВ покажа дека ги оправдува целите за кои е наменета. Парите назад кај граѓаните и намалување на сивата економија. Повратот на ДДВ кај граѓаните, од тримесечје во тримесечје е повисок и директно влијае на сузбивањето на неформалната економија. За периодот октомври-декември 2019, повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје, додека за перидотот јануари-март 2020, повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тримесечје“, пишува во соопштението.

Отсега велат од СДСМ, МојДДВ ќе придонесе и за ревитализирање на домашната економија.

„Граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи, наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите производи, повратот ќе изнесува 10%. Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ што ќе го продолжи и по победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули“, велат од СДСМ.