СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лажни изјави сака да ја покрие поврзаноста на Мицкоски со Кичеец

0
127

ВМРО-ДПМНЕ со лажни изјави сака да ја покрие поврзаноста на Мицкоски со Кичеец, правдата ќе ги стигне сите, реагира СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски дека Боки 13 кажал оти парите завршиле кај Зоран и Вице Заев.

„Очигледни се стравот и паниката во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи им стана јасно дека правда и одговорност ќе има за секој што го прекршил законот. Нема веќе бегање од одговорност, криење од законот, манипулирање со судството. Правдата функционира за секого. Заврши времето на селективна правда, заврши времето на политички монтирани судски процеси“, пишува во реакцијата.

Од СДСМ велат дека следува целосна разрешница на сите случаи на СЈО, над триесет, во кои се вклучени и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска, ВМРО-ДПМНЕ е во паника затоа што точно знаат со кого нивниот претседател Христијан Мицкоски, шурувал, затоа што знаат дека токму Зоран Милески – Кичеец му бил десна рака, а тоа го виде и целата македонска јавност. Јасна е поврзаноста на структурите на ВМРО-ДПМНЕ со овој случај. Свесни се дека правдата ќе ги стигне и тоа многу бргу“, пишува во реакцијата